
Добредојдовте во најбрзиот дел на Vip Game Fest 2018!
Брзите, прецизни и најистрајни ќе имаат можност да се натпреваруваат за награден фонд од над 300евра.
Овој пат предводени од тимот на Igor Idze Stefanovski и Stefanovski Virtual Racing Academy одбравме симулацијата која ќе се игра да биде rFactor.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето ќе биде во текот на целиот ден - 22 декември (доколку се пријават премногу луѓе, пријавувањето ќе се затвори). Секој што ќе дојде ќе биде запишан на листата на натпреварувачи. Кога ќе дојде неговиот ред тој седнува во кокпитот и вози.
ОПРЕМА
Ќе се вози во специјално дизајнирани симулатори кои се користат во Stefanovski Virtual Racing Academy.
Тие ќе испратат и делегат, Janosh Magyar - тркачки инструктор, кој ќе го надгледува нивното користење.
ТИП НА ТУРНИР И ПРАВИЛА
Ќе се вози со автомобил „Nissan GTR“ на патеката „Laguna seca“.
Секој натпреварувач има право да извози еден тест-круг и со летечки старт да продолжи да вози уште три круга. На крајот неговото време (без првиот круг) ќе биде запишано.
Дваесет возачи со најдобро време од сабота (22 декември) ќе се пласираат во финалето кое ќе се случува следниот ден.
Доколку некој се пријави на натпреварот, а не е присутен кога ќе му дојде неговиот ред, по 5 минути е дисквалификуван.
Доколку некој натпреварувач агресивно и несовесно постапува со опремата (воланот, менувачот и педалите) ќе биде дисквалификуван.
Играчот избира дали ќе вози мануелен или автоматски менувач.
Делегатот од Stefanovski Virtual Racing Academy го има последниот збор. Тој одлучува дали е валидно возењето или не.
НАГРАДИ
Прво место - 100 евра
Второ место - 75 евра
Трето место - 50 евра
ФЕРПЛЕЈ
Бидете фер и културни. Немојте да се однесувате недолично или да им пречите на другите играчи, во спротивно ќе бидете одстранети од турнирот. НАЈБИТНО е да се забавувате!
Турнирот ќе се игра двата дена (22-23 декември), каде што финалните трки ќе се играат во недела.
Тројцата најбрзи возачи ќе бидат наградени.
Организатори на турнирот се Гораст Цветковски и Самоил Петрески.


